Поврзете се со нас

Англија

Вистинска „чистка“ на „Олд Трафорд“: Десет играчи ќе го напуштат Јунајтед на лето

Објавено

на

foto: x.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед игра уште една под своето реноме, статус и историја, па и под знак прашалник е ставено дали ќе игра во европските купови во натпреварувачката 2025/2026.

Меѓутоа што и да се случи до крајот на оваа кампања повеќе од јасно е дека ќе има промени во екипата на лето, промени кои ќе бидат драстични ако се остварат најавите на медиумите на островот.

Се подготвува чистка на „Олд Трафорд“ или поточно се најавува заминување на двоцифрен број на играчи. Јунајтед сака да се ослободи и да ги продаде Маркус Рашфорд, Антони и Џејдон Санчо кои сега се на позајмици во Астон Вила, Бетис и Челси.

Искусниот играч за врска Касемиро исто е на излезна врата, Џони Еванс и Том Хитон се очекува да заминат во пензија, додека скандинавците Кристијан Ериксен и Виктоф Линделоф да бидат ослободени.

Незвесна е иднината на голманот Алтај Бајиндир, а тука се и левите бекови Тајрел Маласија кој е позајмен во ПСВ и може таму да остане и вечно повредениот Лук Шок за кого постои опција да биде продаден ако се најде заитересиран клуб.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни