Поврзете се со нас

Германија

Висок пресинг и фудбалско знаење: Маестралната тимска акција на Баерн ја одбележа победата во Бремен (Видео)

Објавено

на

Баерн Минхен доста лесно се справи со Вердер Бремен и максимално го искористи своето најсилно оружје, односно високиот пресинг со кој едноставно не му даваше на домаќинот да излезе од својата половина во првиот дел.

Германскиот првак одлично се снајде и со прекин играта и два гола постигна од корнер, но оној кој го изработи за водство од 0:2 беше навистина спектакуларен и тимската акција не остава никого рамнодушен.

Течната игра во завршната третина е нешто што го краси Баерн предводен од Ханси Флик, а брзиот проток на топката денеска најдобро беше илустриран при вториот гол пред крајот на првиот дел кога Гнабри погоди за 0:2.

Претходно, Горецка биеше со глава и погоди за 0:1, а во вториот дел не пропушти во листата на стрелците да се запише и Роберт Левандовски.

Пред самиот крај на мечот, Баерн се опушти, па Вердер со еден брз против напад намали на 1:3 и се избори за подостоен пораз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни