Висла со атрактивен гол во последната секунда ја прекина црната серија во дуелите со Кјелце (Видео)

Mindegija

Висла Плоцк е победник на денешното големо полско ракометно дерби против Виве Кјелце (27:26), со што ја прекина долгата серија без победа против својот најголем ривал.

Возбудливиот натпревар имаше инфаркт завршница во која домаќините успеаја да постигнат гол буквално во последната секунда, а егзекутор на атрактивен начин беше Шпанецот Нико Миндегија.

Висла со ова ја прекина серијата без триумф над Кјелце која траеше три ипол години, односно не успеа да победи на ниту еден од последните седумнаесет меѓусебни дуели.

Токму Миндегија со 6 голови бил најефикасен кај Висла, додека Карачиќ ги предводел стрелците на Кјелце со 5 погодоци.

Facebook Коментари