Поврзете се со нас

Германија

Вирц доби специјални комплименти од противничкиот табор: Да бев 10-годишно дете…

Објавено

на

foto:x.com/bayer04fussball

Баер Леверкузен вчера обезбеди убедлива победа над Фрајбург, а натпреварот беше одбележан со уште еден фантастичен настап на Флоријан Вирц.

Германскиот репрезентативец ги импресионираше бундеслигашките и воопшто фудбалските фанови, а тоа го признаа и важни претставници од противничкиот табор.

На пресот по средбата, тренерот на Фрајбург, Јулијан Шустер, не штедел комплименти за противничката ѕвезда.

– Ако бев 10-годишно дете, би го купил неговиот дрес без размислување. Тоа е квалитетот кој сакате да го видите ако сте тренер на тим како Баер, – рекол Шустер.

Во сличен стил зборувал и капитенот на Фрајбурт, Кристијан Гинтер.

– Кога го сакате фудбалот и го гледате, сфаќате дека она што го прави на теренот е неверојатно. Ова не е нормално, тој е благослов за германскиот фудба, – рекол Гинтер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни