Германија
Вирц диригира, Леверкузен го одржува чекорот на Баерн (Видео)

Баер Леверкузен позитивно одговори на новата победа која ја запиша Баерн Минхен, па така германскиот шампион останува на „минус“ четири од актуелниот лидер во Бундеслигата.
Порано денеска, Баерн на домашен терен славеше над Волфзбург и отиде на „плус седум“, меѓутоа „фармацевтите“ брзо се вратија на досегашната негатива со сигурно издание на „БајАрена“.
Флоријан Вирц диригираше со двата погодоци кои ги постигна во првото и второто полувреме, но за да ја комплетира својата брилијантна партија, германскиот репрезентативец запиша и асистенција до Шик.
Напаѓачот на Леверкузен погоди за 3:0 и целосно ги разреши дилемите околу тоа кој ќе ги освои трите бода, па до крајот само видовме почесен гол од Борусија Менхенгладбах.
Тим Клајндинст се запиша во листата на стрелците во 91-та минута, а со самото тоа го постави конечниот резултат (3:1).
Головите погледнете ги ТУКА
-
НБА15 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Свет12 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Франција10 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
Шпанија11 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
НБА10 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Балкан14 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
Лига на шампиони14 часа
Белингам со спомени од минатогодишното четвртфинале со Сити: Бев умрен од страв, но…..
-
Англија23 часа
Ловрен за ситуацијата на Салах во Ливерпул: Знам многу работи…