Лига на шампиони
Вирално видео: Реакцијата на Салах по нереализираниот пенал на Дарвин

Ливерпул остана покус во обидот да се пласира во четвртфиналето во Лигата на шампиони, иако се чинеше дека е во далеку подобра позиција пред стартот на реваншот на „Енфилд Роуд“.
Лидерот во Премиер лигата ја направи потешката работа и успеа да го победи ПСЖ на „Паркот на принцовите“, но вчеравечер Ливерпул ја дожива судбината на „светците“ во Париз, односно загуби во натпревар на кој не го заслужи тоа.
Тимот на Арне Слот беше поактивен и поконкретен во текот на 90-те минути и не реализираше одлични шанси, а потоа конечната одлука за патникот во четвртфиналето падна на пенал рулетот.
Џанлуиџи Донарума прерасна во херој со два одбранети пенали, а еден успеа да сопре во дуелот со трагичарот Дарвин Нуњез.
Уругваецот го најави поразот на Ливерпул во пенал рулетот, но многу внимание на социјалните мрежи предизвика реакцијата на нервозниот Мо Салах.
Египќанецот е единствениот играч на Ливерпул кон не го утешил Дарвин по нереализираниот пенал, што доволно говори колку голема фрустрација чувствувал Мо во тие моменти.
-
Лига на нации19 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
АТП18 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации20 часа
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Македонија15 часа
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)
-
Лига на нации19 часа
Франција го најави пресвртот против Хрватска со гол каков немаше постигнато цели 18 години (Видео)
-
Репрезентација10 часа
Миовски е автор на вториот најатрактивен гол во квалификациите за СП (ВИДЕО)
-
Лига на нации20 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Свет18 часа
Арда го замолкнуваше Собослаи, ѕвездата на Ливерпул жестоко одговори за неговиот статус во Реал (Фото)