Поврзете се со нас

Германија

Вирално видео од Бундеслигата: Младо момче остана „вџашено“ кога го виде Мане

Објавено

на

На социјалните мрежи се шири вирално видео на кое може да се види реакцијата на мало дете кога покрај него поминува Садио Мане.

Сенегалецот ова лето го облече дресот на Баерн Минхен и за прв пат ќе игра во Бундеслигата, а во воведното коло од националниот шампионат на Германија се случи токму овој интересен момент.

Момчето кое ја имаше улогата на придружник на фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт остана буквално „вџашено“ кога  одблиску ја виде ѕвездата на „баварците“.

Баерн Минхен на таа средба славеше со 6:1, а еден од головите беше дело токму на Садио Мане кој привлекува големо внимание во Германија по неговото пристигнување од Ливерпул.

Претходно, Мане се најд во центарот на германската јавност откако заедно со навивачите на Баерн ја славеше победата против Франкфурт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни