Поврзете се со нас

Свет

Вирален хит: Суарез го замени луксузот од Европа со селска соблекувална во Уругвај (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/LuisSuarez9

Луис Суарез одби многу примамливи понуди од европски клубови за да се врати во родниот Уругвај, или поточно во матичниот Национал кој има посебно место во неговото срце.

Прославениот голгетер сигурно поседуваше квалитет да остане на стариот континент, но тој беше решен да се врати онаму кадешто започна, иако знаеше какви фудбалски услови го чекаат во Уругвај.

Најдобар доказ е последниот меч кој го играше неговиот Национал, тим кој победи на гостувањето кај уругвајски Ливерпул со 0:1, но цела јавност говореше за изгледот на соблекувалните на стадионот.

Големата фудаблска ѕвезда беше навикната на најмодерни и најсовремени стадиони во Европа, но сега без проблеми пристигнува во Уругвај и влегува во селска соблекувална како што е онаа гостинската на Ливерпул.

Видеото од Уругвај стана вистински хит на социјалните мрежи, а многумина истакнуваат дека само вистинска љубов може да ве натера да ја напуштите Европа за вакви услови……

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни