Поврзете се со нас

Европски првенства

Вирален хит од ЕП: Полски фан платил 60 евра за да гледа во столб (Фото)

Објавено

на

Фото: https://www.facebook.com/LaczyNasPilka

Полската фудбалска репрезентација не се прослави во првите две рунди на ЕП во Германија и поради поразите стана прва селекција која дефинитивно ќе биде елиминирана по групната фаза.

Полските фанови одвоија солидна ставка од својот буџет за да ги поддржуваат Левандовски и неговите колеги во соседна Германија, но еден од нив цел живот ќе го памети местото кое го добил на стадионот во Берлин.

Самиот фан објавил фотографија на социјалните мрежи, тврдејќи дека платил 60 евра за билет, а на крајот добил место од кое требало да гледа директно во столб.

Полска досега загуби од Холандија и Австрија, а во последното коло ќе се сретне со фаворитот Франција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни