Поврзете се со нас

Свет

Вирален хит: Хрватски фанови си добија незаборавен сувенир од ВРЦ релито во Загреб (Видео)

Објавено

на

Себастијан Ожие победи на ВРЦ трката која вчера се одржа во Хрватска и доби негативни коментари од регионот поради недоличното однесување кое го имаше во хрватската метропола, но сепак, на социјалните мрежи издоминираа и вирален хит станаа осум момчиња кои затскриени во шумата го следеа првото големо рели во нивната земја.

Како големи вљубеници во високите октани, осумте момчиња добија уникатен сувенир од вчерашното ВРЦ рели во Хрватска, откако при крајот на трката, еден од учесниците го загуби своето тркало во пределот од шумата каде тие беа сместени.

Едно од момчињата го овековечи моментот бидејќи снимаше во дадената ситуација, па со објавата на социјалните мрежи, станаа топ тема во Хрватска.

– Самошто се подготвуваме да си отидеме, минуваше претпоследниот натпреварувач и во тој момент му испадна десното тркало и отиде во шумата. Веднаш потрчавме по тркалото, знаевме дека немаме премногу време до минувањето на следниот автомобил на тој дел од патеката. Кога го допрев челичниот обрач (бандажот), тој беше се уште многу врел и едвај го задржав во раце, – открива Иван Новаковиќ, момчето кое прво стигна до тркалото од урнебесното видео.

– Поради вакви работи се убави ВРЦ шампионатите. Ние навивачите уживаме во ова и верно ја пратиме секоја трка. Веќе добивме понуди за тркалото, но за нас ова нема цена, – додава Кристијан Тумпак во интервјуто кое им го направи „Вечерњи лист“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни