Поврзете се со нас

Мото ГП

Вињалес остана без пол-позиција и покрај тоа што беше најбрз, Маркез нема да стартува во Херез

Објавено

на

Маверик Вињалес извозе најбрз круг во својот последен обид на квалификациите и провизорно ја освои пол-позицијата, но истата многу брзо му беше одземена бидејќи стјуардите проценија дека ги надминал границите на патеката додека го имаше последниот летечки круг.

Во вакви услови, Фабио Квартараро остана прв и втор викенд по ред ја освои пол позицијата во Херез, со тоа што оваа недела се вози Големата награда на Андалузија на истоимената патека Анхел Нието.

Вињалес на крајот мораше да се задоволи со второто место кое исто така му ветува борба за победа на утрешната трка, а од првиот стартен ред ќе го гледаме и Бањаја.

Валентино Роси беше значително подобар од минатиот викенд и се избори за четврто стартно место, што секако е голем напредок за легендарниот Мото ГП шампион по разочарувачката стартна трка во новата сезона.

Што се однесува до шампионот, Марк Маркез се испроба во квалификациите и многу брзо сфати дека има потешкотии да биде конкурентен по операцијата која ја направи во понеделникот, па пред финалната серија се повлече откако не обезбеди пласман, ниту време.

Набрзо по завршувањето на квалификации, од Хонда објавија дека сепак нема да преземаат дополнителни ризици, па Маркез нема да го гледаме на утрешната трката за Големата награда на Андалузија. Негова следна цел ќе биде да биде што е можно поподготвен за трката во Брно.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни