Вињалес не го криеше незадоволството поради новиот неспортски потег на Маркез, пол позицијата доведена во прашање (Видео)

markez-vinjales

Марк Маркез беше исклучително добар и убедливо најбрз во квалификациите за Големата награда на Америка, но сепак поради својот темперамент повторно си направи проблеми поради кои сега може да ја загуби пол позицијата која ја освои.

Спорен во денешните квалификации беше неспортскиот потег кој го направи Маркез на неколку минути пред крајот на последната сесија, односно моментот кога влезе во траекторијата на Маверик Вињалес кој беше во брз круг за разлика од него. Возачот на Јамаха не го криеше незадоволството и веднаш му одмавна со рака на својот сонародник, а дирекцијата на трката по крајот на квалификациите соопшти дека реакцијата на Маркез е под истрага, поради што постојат шанси да ја загуби првата позиција на стартот.

Засега се уште нема официјална информација дали ќе има поместување, но шансите да се случи такво нешто се зголемени бидејќи Маркез покажа некоректно возење пред две недели во Аргентина кога беше казнет по завршувањето на трката.

Facebook Коментари