Поврзете се со нас

Мото ГП

Вињалес му ја украде пол-позицијата на Квартараро, Јамаха најави доминација на Асен

Објавено

на

Маверик Вињалес се посрамоти на трката во Германија и заврши последен, но само шест дена подоцна, успеа да го извлече најдоброто од себе и му ја украде пол-позицијата на колегата од Јамаха кој беше најбрз се до главните квалификации.

Фабио Квартарато имаше најдобар ритам и се чинеше дека ќе дојде до нова пол-позиција, но така не мислеше и Вињалес кој една седмица по шокот на Захсенринг, ја покажа својата класа на една од омилените трки.

Патекта Асен навистина му одговара на Вињалес, а тоа го покажа и на денешните квалификации на кои на крајот беше за малку побрз од тимскиот колега од Јамаха кој го освои второто место.

Возачите на Јамаха се едно ниво побрзи од сите на Асен и се главни фаворити за победа на утрешната трка, бидејќи блиску до нив нема да биде и човекот кој минатата недела воодушеви во Германија. Марк Маркез имаше катастрофални квалификации, па по вчерашниот брутален пад, денеска одново заврши во песокот и ќе стартува само 20-ти.

За разлика од претходните викенди, Валентино Роси денеска беше за нијанса побрз и ќе стартува 12-ти, а покрај Вињалес и Квартараро, редоследот од 3-то до 11-то место е следниот: Бањаја, Накагами, Зарко, Оливеира, Ринс, Милер, Алеиш Еспаргаро, Мир и Пол Еспаргаро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни