Поврзете се со нас

Свет

Винисиус Жуниор за елиминацијата на Бразил: Јас сум виновен…(ФОТО)

Објавено

на

foto:x.com/golazo_america

 

Бразил доживеа уште еден неуспех на големите натпреварувања, овојпат на Копа Америка каде нивниот пат заврши веќе во четвртфиналето и тоа по дуелот со Уругвај.

Оваа средба се решаваше на пенали, серија во која Уругвај беше на повисоко ниво и обезбеди славје со кое се избори за следна фаза и соочување со Колумбија. Кога се во прашање „кариоките“ одново има многу критики, играчи, селекторот, а една од главните ѕвезди Винисиус Жуниор одлучи да ја преземе одговорноста, да се извини, ама и даде ветување до сонародниците.

-Копа Америка заврши и време е да размислиме и да знаеме како да се справиме со поразот. Чувството на фрустрација се појавува повторно и повторно на пенали. Добив два жолти картони и повторно однадвор ја гледав елиминацијата, но овој пат тоа е моја вина. Се извинувам за тоа.

-Знам да ги слушам критиките и најострите, верувајте ми доаѓаат од внатре. Моето репрезентативно патување, за среќа, допрва започнува. До моите соиграчи ќе имам шанса да ја донесам нашата репрезентација на местото што го заслужува. ЌЕ СЕ ВРАТИМЕ НА ВРВОТ! ТЕ САКАМ И ЗАЕДНО СМЕ ВО ОВА, -порача напаѓачот на Реал.

Вини не играше во четвртфиналето поради жолти картони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни