Поврзете се со нас

Шпанија

Винисиус Жуниор се исклучи и го удри Димитриевски, Реал со играч помалку до голема победа на „Месталја“ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/elchiringuitotv

Реал Мадрид излезе како победник во соочувањето со Валенсија во заостанатиот меч од 12. коло во шпанската Примера.

Пресметката на „Валенсија“ донесе многу возбудувања, тензија, драма и луд пресврт и три бода за гостите од Мадрид со играч помалку на теренот.

Домашните фудбалери го добија првиот дел со 1-0 со погодокот на Дуро во 27 минута. Во 55 минута „кралевите“ добија пенал по прекршокот кој судијата Сото Градо го досуди над Мбапе, одговорноста ја презема Белингам, но го загуби соочувањето со Димитриевски или поточно само ја погоди рамката од неговиот гол.

Столе во 79 минута успеа да ја добие и битката со Винисиус Жуниор кој при една препирка се „исклучи“ и го удри Македонецот по што со помош на ВАР беше предреме испратен во соблекувалната. Меѓутоа Реал не се откажа и преку нововлезениот Модриќ во 85 минута дојде до 1-1, резултат активен до 96 кога Фулкие и Гилјамон направија глупост која Белингам ја искористи за водство на фаворитот од 2-1.

Тука не беше крајот на возбудувањата затоа што домаќините во последните мигови имаат можност да се изборат барем за реми, Риоха се сам направи, испрати фантастичен удар, ама ја погоди левата статива.

Сега четата на Анчелоти е прва на табелата со 43 бода, Валенсија останува под цртата за опстанок со само 12 освоени бодови.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни