Поврзете се со нас

Свет

Винисиус Жуниор: Навивачите многу бараат од нас, секогаш ме чуваат…

Објавено

на

foto: x.com/CBF_Futebol/Rafael Ribeiro

Бразил имаше лош почеток на Копа Америка каде во првиот меч во групата Д одигра без голови против аутсајдерот Костарика.

„Кариоките“ располагаат со квалитет, талент, но и покрај тоа што упатија скоро 20 удари кон противничкиот гол тоа не беше доволно за победа.

Овој резултат донесе нови критики за тимот, играчите, па ѕвездата Винисиус Жуниор се обиде да ја смири ситуацијата и им порача на навивачите да бидат трпеливи и веруваат во составот.

-Секогаш кога сум на теренот за репрезентацијата, имам тројца или четворица играчи кои ме чуваат. Нов тренер, нови играчи, за се е потребно време. Нашите навивачи сакаат сè веднаш да се заврши, но ние одиме чекор по чекоор. Во следниот натпревар, сигурен сум дека ќе играме многу подобро, бидејќи сега веќе разбираме каква ќе биде натпреварувањето, каков терен и какви ќе бидат судиите. Знаеме дека можеме да се подобриме, мораме да се подобриме. Знам и што можам да подобрам, да се развивам и да направам за нашиот тим, -порача офанзивецот на Реал Мадрид.

Следниот меч за „селесао“ е против Парагвај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни