Поврзете се со нас

Шпанија

Винисиус Жуниор испрати јасна порака до Перез за неговата иднина во Реал

Објавено

на

foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид имаше сигурен настап во дерби пресметката со Џирона која заврши со убедливи 4-0 за домашниот состав.

Играч на натпреварот беше Винисиус Жуниор кој беше нерешлива енигма за гостите од Каталонија, даде еден гол, забележа две асистенции и доби највисока оценка за настапот на „Сантијаго Бернабеу“.

Бразилецот ја искористи оваа партија да испрати јасна порака до првиот човек на клубот Флорентино Перез по шпекулациите кои се појавија во последниот период поради можноста Килијан Мбапе да пристигне во Мадрид.

-Секогаш сум среќен што сум играч на Реал Мадрид, многу среќен. Се надевам дека претседателот ќе ми дозволи да играм овде уште долго, бидејќи го сакам овој клуб, -порача офанзивецот кој има договор со сегашниот тим до 2027 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни