Шпанија
Винисиус за својата прослава: Секогаш го бакнувам грбот на Реал поради една причина

ВИнисиус Жуниор ги надмина сите проблеми кои ги имаше со реализацијата во досегашниот тек на кариерата и доби неверојатна самодоверба под водство на Карло Анчелоти, за што доказ е и последната бравура која ја изведе на дербито со Севилја.
Бразилецот со сензационален гол го реши дербито на „Сантијаго Бернабеу“ и ги разочара гостите од Андалузија, а истовремено покажа дека во овој момент е убедливо најдобар играч на Реал заедно со Карим Бензема.
Винисиус полека почнува да ги буди страстите и кај фановите на Реал Мадрид кои знаеја да го критикуваат во изминатите сезони поради големите промашувања, но посебно ги воодушевува и неговата прослава.
После секој постигнат гол, Винисиус го бакнува грбот на Реал Мадрид, а сега откри зошто го прави тоа без исклучок.
– Секогаш го правам истото по постигнат гол, секогаш го бакнувам грбот на Реал. Тоа го правам поради една причина. Навивачите и клубот многу ме сакаат, а јас се обидувам да им возвратам и да го носам клубот онаму кадешто му е местото, на највисокото скалило. Со мојата прослава возвраќам на укажаната љубов, – потенцира Винисиус.
-
Италијапред 20 часа
Ајнтрахт остана без главната ѕвезда за дуелот со Реал, Германците му договорија трансфер во Јувентус (Фото)
-
АТПпред 20 часа
Видео на денот: Федерер му го исполни сонот на фанот кој му постави неверојатно прашање пред пет години
-
Англијапред 14 часа
Манчестер Јунајтед се откажа од Арнаутовиќ, Македонец главен „виновник“ за пропаднатиот трансфер
-
Шпанијапред 21 час
Модриќ режираше магии на завршната подготовка пред Суперкупот во Европа (Видео)
-
Светски првенствапред 15 часа
Германска легенда најави дека ќе го бојкотира СП во Катар
-
Германијапред 21 час
Левандовски: Баерн има еден специјален талент како што Барса ги има Педри, Гави и Ансу Фати
-
Шпанијапред 23 часа
Валенсија и Барселона отпочнале преговори за играчот кој доби многу шанси од Чави минатата сезона
-
Англијапред 23 часа
Фердинанд предложи една важна промена во стартната постава на Јунајтед