Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Винисиус влезе во „војна“ со фановите на Атлетико, па ја продолжи истата и на социјалните мрежи (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Винисиус Жуниор можеше да биде голем трагичар на последното европско мадрилењо дерби меѓу Атлетико и Реал, но Бразилецот на крајот беше тој кој последен се смееше на „Метрополитано“, пред се благодарение на своите соиграчи кои излегоа како поумешни во пенал рулетот.

Реал Мадрид после голема пенал и ВАР драма го победи Атлетико во осминафиналниот двомеч и се пласираше меѓу осумте најдобри во Европа, па со тоа Винисиус многу полесно ќе го заборави своето промашување од 11 метри.

Бразилецот изведе катастрофален пенал во регуларниот дел и ја испрати топката на трибините, ситуација по која всушност се реактивираше „војната“ која цело време ја водеше со навивачите на Атлетико.

Ѕвездата на Реал во повеќе наврати беше уловена како им ги покажува 15-те освоени титули во Лигата на шампиони на навивачите на Атлетико, а тоа го направи и кога излегуваше од игра.

– Ние имаме 15 титули во Лига на шампиони, вие ниту една………

Провокациите не застанаа тука, па Вини испрати јасна порака и уште појасна слика преку социјалните мрежи.

– Мајко милааааа! Има само еден МАДРИД!!!! Сите знаеме кој е кој. Да се подобриме и одиме кон следен предизвик, – порача Винисиус, а потоа постираше уште една слика со грбот од 15-те титули во Европа.

Madremiaaaa!!! MADRID HAY UNO SOLO!!!! Pero eso todos ló sabemos. A mejorar y a lá próxima!!!

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни