Винисиус со вирален одговор по првиот гол во ЛШ: Ќе мора да добијам дозвола од татко ми за такво нешто (Видео)

vini-briz

Винисиус Жуниор вчера го постигна својот прв гол во Лигата на шампионите на натпреварот против Клуб Бриж, сценарио со кое младата бразилска ѕвезда на Реал Мадрид исполни уште еден животен сон во тинејџерските денови.

Во отсуство на Азар, Винисиус одново се врати во ротацијата на тренерот Зинедин Зидан и синоќа ја искористи оваа шанса со одлична партија, која ја заврши и со постигнат гол со кој го скрши мразот во најелитното натпреварување. По натпреварот кој заврши 1:3, Винисиус ги извршуваше обврските и за медиумите од родниот Бразил, а на едно прашање на новинарката даде еден комичен одговор кој веднаш стана вирален.

Новинарката го запраша дали планира да го истетовира овој прв гол во Лигата на шампионите, на што Вини одговори:

– Ќе морам да разговарам со мојот татко за да видам дали ќе ми даде дозвола да направам таков нешто. Во овој момент, пресреќен сум што дадов гол за Реал и што му помогнав на тимот, – изјави Винисиус.

Facebook Коментари