Поврзете се со нас

Шпанија

Винисиус со реакција на „конечната одлука“ која ја донел Мбапе (Фото)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/realmadrid

Винисиус Жуниор се очекува вечерва повторно да биде во прв план на дерби натпреварот меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, но во најавата за дуелот кој следи на „Сантијаго Бернабеу“, Бразилецот го привлече вниманието и со својата активност на социјалните мрежи.

На 24 часа пред новото мадрилењо дерби во шпанската престолнина, угледниот „Ле Паризен“ извести дека Килијан Мбапе донел конечна одлука и од наредново лето ќе игра во „кралскиот клуб“, опција со која се поврзува францускиот капитен веќе неколку години.

Французите сега тврдат дека нема враќање назад и дека Мбапе е цврсто решен да се приклучи на „кралскиот проект“, нешто што со нетрпение го очекуваат и актуелните играчи на Реал.

Килијан во повеќе наврати беше блиску до преселба во Реал и веќе беше „најавен“ од неколку играчи на Реал, а сега Винисиус повторно го одобрува ангажманот на најдобриот играч на ПСЖ.

Винисиус стави лајк на објавата на која пишува „Мбапе ќе му се придружи на Винисиус во Реал Мадрид“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни