Шпанија
Винисиус со мајсторски индивидуален потег ја најави важната победа на Реал (Видео)

Реал Мадрид не постигна гол во второто полувреме, но ефектот од првото беше доволен за победа во дуелот со Рајо Валјекано и привремена делба на првото место на табелата во Ла Лига.
Мбапе го скрши отпорот на гостите во 30. минута, за осум минути подоцна Винисиус да ја надмудри одбраната на Рајо за зголемено водство и најава за конечен триумф на Реал на овој дуел.
Бразилецот ги импресионираше фановите со своите потези во противничкиот шеснаесетник и ги исфрустрира противничките дефанзивци, за на крајот да ја затресе мрежата на Баталја.
🚨🇪🇸 GOAL | Real Madrid 2-0 Rayo Vallecano | Vinicius Jr
WHAT A GOAL FROM VINICIUS JR !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!pic.twitter.com/6akvRowxr9
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) March 9, 2025
Рајо успеа да намали во судиското надополнување на првиот дел преку Диаз, но во второто полувреме не успеа да биде доволно опасен пред голот на Лунин, кој денеска го менуваше Куртоа.
Со оваа победа, Реал максимално профитираше од поразот на Атлетико од Хетафе и се израмни со Барселона на првото место на табелата, иако Каталонците имаат натпревар помалку.
Головите можете да ги видите ТУКА
-
Македонија19 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Шпанија23 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Македонија21 час
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Европски првенства21 час
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 120 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
Италија11 часа
Интер ја реши Аталанта и се зацврсти на врвот во Серија А (ВИДЕО)
-
Свет15 часа
Трапановски даде гол и се помоли за жртвите во трагедијата во Кочани (ВИДЕО)
-
Шпанија20 часа
Првиот човек на Атлетико го прекина молкот: Сонот ни беше урнат поради една застрашувачка алатка