Поврзете се со нас

Свет

Винисиус со критики за КОНМЕБОЛ: Копа Америка секогаш е тежок турнир

Објавено

на

foto: x.com/CBF_Futebol/Rafael Ribeiro

Бразилската репрезентација оствари победа во второто коло на Копа Америка и го поправи впечатокот во однос на премиерниот настап, а Винисиус се истакна со два гола во мрежата на Парагвај.

Ѕвездата на Реал Мадрид не испуштила шанса да го каже она што го мисли за Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) и условите кои ги имаат репрезентациите на турнирот кој се игра во САД.

– Копа Америка секогаш е тежок турнир поради терените, поради судиите кои секогаш се против нас и поради начинот на кој КОНМЕБОЛ ги третира луѓето.

– Секогаш е тешко, но мора да бидеме силни и да зборуваме преку победите. Ако зборуваме, КОНМЕБОЛ вели дека зборуваме премногу, – истакнал Винисиус.

Бразил по две рунди има четири бодови и се наоѓа на второто место во групата зад Колумбија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни