Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Винисиус со комплименти за неговиот соиграч: Тој е легенда, никој не игра како него

Објавено

на

Реал Мадрид се избори за победа над Ливерпул од 3-1, победа која им овозможи да направат сериозен исчекор кон полуфиналето на Лигата на шампините.

Еден од хероите дефинитивно беше Винисиус Жуниор кој даде два гола, ама повеќе од јасно е дека ова е тимски триумф затоа што се функционираше одлично кај шпанскиот шампион, поточно секој си ја одработи зададената задача од тренерот Зинедин Зидан.

За ова е свесен Винисиус кој сепак се одлучи да издвои еден играч, а тоа е Тони Крос кој имаше маестрално додавање до него за првиот гол.

-Тони Крос е неверојатен, тој е легенда. Никој не игра како него. Тој e класа. Луѓето од надвор зборуваат. Јас секогаш продолжувам да работам. Никогаш немав дадено два гола во овој дрес, мислам дека е мојот најдобар момент. Посочив на грбот затоа што премногу работам. Отсекогаш сонував да играм во Реал Мадрид. Јас секогаш продолжувам да работам. Моите соиграчи ме охрабруваат тоа да го сторам. Тие ми даваат самодоверба, -вели офанзивецoт од Бразил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни