Поврзете се со нас

Шпанија

Винисиус се пофали со голема тетоважа на грбот, фановите пронајдоа голема грешка (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Винисиус им се врати на тренинзите на Реал Мадрид, подготвувајќи се за својот камбек на терените по паузата поради повреда, а во меѓувреме реши да ја заокружи 2023 година со спектакуларна тетоважа на грбот.

Бразилецот ги користел услугите на познат тату мајстор, кој добил задача да ги нацрта идолите на фудбалерот, заедно со слоганот „менталитет“.

На грбот на Винисиус во иднина ќе бидат присутни големи шампиони како Пеле, Мухамед Али, Коби Брајант и Мајкл Џордан, но фановите и медиумите имаат и една дилема и една забелешка.

Дилемата е која е личноста која се наоѓа на левата страна на тетоважата, додека забелешката е што Џордан е нацртан како леворак шутер, нешто што не се совпаѓа со реалноста.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни