Поврзете се со нас

Шпанија

Винисиус се огласи за својата иднина и додаде: Не беше моја одлука да не се појавам на „Златната топка“

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Винисиус Жуниор денеска му правеше друштво на Карло Анчелоти на официјалниот прес пред осминафиналето со Атлетико Мадрид во Лигата на шампиони, а тоа беше добра шанса за новинарите да му постават разноразни прашања на Бразилецот, поврзани за неговата иднина, но и за разочарувањето од пред неколку месеци.

Вини многумина го поврзуваат со богата преселба во Саудиска Арабија и доста често има шпекулации на таа тема, но Бразилецот тврди дека тој со мислите единствено е насочен кон Реал Мадрид, клуб со кој сака што побрзо да го продолжи договорот.

– Мирен сум на таа тема, имам договор до 2027-ма година и се надевам дека што поскоро ќе ставам потпис на нов. Среќен сум тука, го имам најдобриот тренер, ги имаме најдобрите навивачи во светот и сите ме сакаат. Не можам да бидам на подобро место од тука, – вели Вини и додава.

– Среќен сум со својата историја во Реал Мадрид и сакам да продолжам да ја градам истата. Сакам да возвратам за се она што ми го овозможи претседателот, нема подобро место од ова, – потенцира Винисиус.

За време на пресот, Винисиус проговори и за разочарувањето околу недобиената „Златна топка“, но и за игнорирањето на целата церемонија.

– Јас имам свое мислење за „Златната топка“, но луѓето изгласаа нешто друго. Кога си толку блиску до наградата, веруваш дека ја заслужуваш, но сигурен сум дека ќе имам уште доста прилики. Освоив две титули во Лигата на шампиони откако сум тука и сакам да освојам уште неколку.

– Не беше моја одлука да не се појавам за „Златната топка“. Јас го правам тоа што ќе ми го каже клубот. Побараа од мене да останам во Мадрид и така и беше, – открива Вини.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни