Поврзете се со нас

Шпанија

Винисиус се налутил поради Инстаграм пост, се заканил со бојкот на дуелот со Валенсија

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Одговорните за содржината на профилите на Реал Мадрид на социјалните мрежи предизвикале конфликт меѓу клубот и Винисиус Жуниор, а Бразилецот толку се налутил што се заканил дека нема да настапи на дуелот со Валенсија.

Во пресрет на средбата, на профилот на Реал бил објавен пост на кој Винисиус го бакнува грбот на Реал, но во долниот дел било вклучено и логото на израелски ди-џеј, на кое е прикажана еволуција на човекот од мајмун до ди-џеј.

Содржината стоела на клупскиот профил само половина час, но била видена од Бразилецот и тој реагирал жестоко, посебно во периодот кога е цел на многу расистички напади.

Во целата ситуација реагирал Извршниот директор Хозе Анхел Санчез кој успеал да го смири фудбалерот и му ветил дека одговорните за потегот ќе сносат одговорност, истовремено најавувајќи дека клубот ќе ја промени политиката на објавување на постови на социјалните мрежи.

Иако се заканувал дека ќе го бојкотира дуелот, Винисиус настапи против Валенсија и постигна два гола во ремито 2:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни