Поврзете се со нас

Шпанија

Винисиус сака да купи португалски клуб

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Винисиус Жуниор размислува за сериозна инвестиција и преземање на клуб во Португалија, – тврдат шпанските медиуми.

Ѕвездата на Реал Мадрид заработува сериозна сума на годишно ниво, а сега е блиску до преземање на клуб кој игра во втората лига на оваа земја, инвестиција која би требало да биде исплатлива пред се во периодот кога тој ќе ја заврши фудбалската кариера.

Во португалската втора лига има 18 клубови, а Портимоненсе веќе има бразилски сопственик во Родинеј Сампајо.

Винисиус нема да биде прв фудбалер-сопственик на клуб, бидејќи неодамна Н’Голо Канте го купи белгискиот третолигаш Екселсиор Виртон, додека Килијан Мбапе е мнозински акционер во францускиот второлигаш Каен.

Во меѓувреме, Винисиус и неговите соиграчи од Реал Мадрид се подготвуваат за финалето на шпанскиот Суперкуп и пресметка со големиот ривал Барселона во Саудиска Арабија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни