Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Винисиус приреди спектакл каков што ретко се гледа: Кога влеговме во соблекувалната си кажавме само една работа!

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Винисиус Жуниор е главен фаворит за освојување на „Златната топка“ која ќе биде доделена наредниот понеделник, а вчеравечер покажа зошто всушност и заслужува да биде избран за најдобар во светот.

Големата ѕвезда на Реал Мадрид беше инспиратор на новиот спектакуларен пресврт кој го режираа „кралевите“ во Лигата на шампиони, дежа-ви на кое веќе навикнаа верните навивачи на најтрофејниот клуб во Европа.

Реал губеше 0:2 од Борусија Дортмунд во реприза од финалето пред неколку месеци, но во вториот дел видовме апсолутна доминација на домаќините, изразена со вонсериско издание на Винисис какво што ретко се гледа на највисоко нив.

Бразилецот запиша хет-трик во триумфот од 5:2, но два од трите постигнати гола беа спектакуларни, од кои најмногу за одбележување е оној кога претрча 70-80 метри.

Сосема очекувано, Вини го понесе признанието за МВП на натпреварот, а по крајот на истиот, откри што си кажеле со соиграчите пред да излезат на теренот во вториот дел.

– Веруваме во себе, знаеме дека на домашен терен со нашите фанови можеме да направиме се. По крајот на првиот дел, во соблекувалната влеговме многу тивки, слушнавме што има да каже Анчелоти и си кажавме само една работа. Си рековме дека ќе направиме нов пресврт ако постигнеме еден гол. Благодарение на публиката повторно го направивме тоа, но мора да се подобриме во иднина. Мора да имаме ист пристап од стартот на натпреварите, бидејќи нашиот тренер не може веќе да издржи вакви работи, – изјави Винисиус по нестварното издание.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни