Поврзете се со нас

Светски првенства

Винисиус пред дуелот со Хрватска: Само тој може да го сопре Модриќ

Објавено

на

Хрватска и Бразил денеска ја отвораат четвртфиналната рунда на СП во Катар, а тоа значи соочување и меѓу неколку добри познаници и актуелни или поранешни соиграчи.

Јужноамериканската селекција ја има улогата на фаворит, но Бразилците се свесни за квалитетите на Хрватска и нивниот лидер Лука Модриќ кој создава проблеми за секој противник.

Винисиус Жуниор смета дека најдобар начин да се неутрализира Модриќ е преку поранешниот соиграч Каземиро.

– Јасно е дека ќе биде тежок натпревар, тие беа втори на претходното СП, но ние ќе дадеме максимум како и на дуелот со Јужна Кореја.

– Модриќ е фантастичен фудбалер од кого научив многу на и надвор од теренот, среќен сум што го гледам секој ден и што секогаш им помага на помладите играчи.

– Секогаш сакам да играм против најдобрите, па и соочувањето со него ќе биде нешто посебно. Неговото запирање ќе му го препуштиме на Каземиро, тој го знае најдобро, играа долго заедно и сигурно ќе се снајде подобро од мене, – рекол Винисиус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни