Поврзете се со нас

Шпанија

Винисиус покажа колку му значи победата, полека станува нов миленик на фановите на Реал Мадрид (Видео)

Објавено

на

Можеби во минатото Винисиус заработуваше критики поради својот однос на теренот во дресот на Реал Мадрид, но оваа сезона Бразилецот игра во сосема поинаков ритам.

Неговите важни асистенции и голови носат бодови, а страста и посветеноста која ја покажува фудбалерот ги сврте навивачите на негова страна.

Токму Винисиус вчера беше инспиратот на пресвртот кој Реал го направи во завршницата на дуелот со Валенсија, постигнувајќи го голот за израмнување и испраќајќи асистенција до Бензема кој реализираше за конечни 1:2.

Она што му донесе комплименти меѓу фановите е и начинот на кој ја прослави победата на „Месталја“, потег кој покажува дека и тоа како е посветен на остварување на амбициите на Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни