Поврзете се со нас

Свет

Винисиус погоди во 99. минута, Бразил еуфорично ја славеше победата над Колумбија (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/CBF_Futebol

Бразил избегна разочарувачка ноќ на дербито со Колумбија и со гол во 99. минута успеа да ги израдува своите фанови со победа од 2:1.

Винисиус Жуниор стана херој на „селесао“, постигнувајќи гол во последната минута од средбата и тоа со атрактивен погодок со удар упатен надвор од шеснаесетникот на гостите.

Рафиња од пенал и Диаз од игра беа реализатори во првото полувреме, а до решавачката реализација се чекаше долго, односно до 99. минута, кога Винисиус предизвика еуфорија меѓу домашните фанови.

Бразилците ја прекина серијата од два натпревара без победа во мундијалските квалификации, а се пробија и на второто место на табелата во јужноамериканската зона.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни