Поврзете се со нас

Шпанија

Винисиус по страшната партија против Барса: Не сум светец, премногу зборувам и правам дриблинзи кои не се за правење!

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Винисиус Жуниор ја одбележа „Ел Класико“ пресметката која се одигра во Ријад, бидејќи Бразилецот постигна хет-трик за паметење во финалето, но исто така изнуди и црвен картон за Роналд Араухо.

Напаѓачот на Реал Мадрид стана првиот играч на Реал по Хенинг Јенсен кој постигнал два гола против Барселона во првите десет минути од натпреварот, а до крајот на полувремето комплетираше и хет-трик.

Сосема очекувано, Вини го добие МВП признанието од организаторот на шпанскиот Суперкуп и беше прогласен за најдобар играч, по што даде и интервју со кое привлече доста внимание.

– Многу сум среќен поради титулата, поради постигнатите голови и начинот на кој игравме. Сакам да им се заблагодарам на физиотерапевтите кои направија да се вратам во добра форма, на сите лекари. Потоа тука е тренерот Анчелоти, моите соиграчи кои секогаш ми помагаат.

– Анчелоти прави подобра личност од мене, знам дека понекогаш ги нервирам противниците, но и моите играчи. Морам да се подобрам, но се обидувам секој ден да бидам подобра личност. Сите сакаат да се „тепаат“ со мене на теренот и се обидувам да се подобрам во таа гледна точка. Јас не сум светец, зборувам премногу и правам дриблинзи кои некогаш не треба да се прават….. Сепак, тука сум за да напредувам и да се подобрам, сакам да бидам пример за младите деца. Тренерот Анчелоти и соиграчите ми го покажуваат патот како да станам подобар во тој аспект, – изјави Винисиус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни