Лига на шампиони
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино

Винисиус Жуниор вчера го одигра најдобриот натпревар во последно време, а тоа направи да биде и избран за МВП од УЕФА на спектакуларното дерби кое го гледавме на „Итихад“.
Реал Мадрид победи со 2:3 благодарение на својата извонредна завршницата на натпреварот и си стекна убава предност пред реваншот, па покрај тоа што даде коментар за случувањата на теренот, Винисиус накратко се огласи и за својата иднина како ѕвезда на Реал.
Во последно време, се почести се шпекулациите за астрономските понуди кои ги подготвуваат сопствениците од Саудиска Арабија, што дефинитивно е тема за која Вини и Флорентино Перез ќе мора да седнат на маса.
– Јас не знам ништо за тоа, никој не зборувал со мене. Мора да зборувам со претседателот и се надевам дека ќе останам тука уште многу години. Посебно сум мотивиран кога играм во Лигата на шампионите и сакам да испишам историја во ова натпреварување, – изјави Вини, па се осврна на мечот.
– Го видов банерот на нивните навивачи пред мечот, но такви работи само ме мотивираат и ми даваат повеќе енергија. Одиграв добро, но добар беше цел тим. Се браневме кога требаше, не е важно кој постигнал гол, или кој е МВП. Кога го носите дресот на Реал, мора да го однесете тимот на највисокото скалило во светот, – заклучи Бразилецот.
-
Репрезентација16 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства17 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Англија19 часа
Трент прифатил преселба во Реал, навивачите на Ливерпул бесни: Оставете го на клупа до крајот на сезоната…
-
АТП20 часа
Ивановски ги мина квалификациите во Опатија
-
Македонија22 часа
Јандреоски назначен за прв оперативец на ФФМ
-
Репрезентација16 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Италија18 часа
Дибала имал успешна операција, оваа сезона е завршена за него!
-
Светски првенства7 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)