Поврзете се со нас

Шпанија

Винисиус откри каков необичен рецепт користи Анчелоти за да го мотивира на теренот

Објавено

на

Винисиус Жуниор имаше нова блескава ноќ во Лигата на шампионите, овојпат на гостувањето во Украина каде беше вистински креатор на убедливата победа која ја оствари Реал Мадрид над Шахтјор.

Младиот Бразилец постигна два гола и режираше една асистенција во убедливиот триумф од 0:5, по кој младиот офанзивец откри и каков необичен рецепт користи Карло Анчелоти за да го мотивира за време на натпреварите.

Кога е Винисиус во прашање, сите потенцираат една голема промена во неговата игра од стартот на сезоната, а тоа е далеку подобрата реализација пред голот, за што добиваше огромни критики во текот на минатата сезона и често знаеше да ги разбесни навивачите на „кралскиот клуб“.

Со вчерашните два, Жуниор стигна до седум погодоци од стартот на новата натпреварувачка сезона, што е подобра бројка од сите оние кои ги постигна минатата сезона.

– Постигнав седум голови досега, повеќе од цела мината сезона. Секогаш сум добар под притисок, но сега уживам во довербата на тренерот.

– По головите, моите гестикулации беа наменети за Анчелоти. Секогаш бара да постигнувам голови, а кога не го правам тоа и не реализирам добри шанси, ми вели дека ќе ме извади од игра од клупата. Така ме мотивира и ме тера да бидам концентриран, – открива Винисиус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни