Поврзете се со нас

Шпанија

Винисиус откако тројца фанови на Валенсија завршија зад решетки: Јас сум вашиот џелат (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Винисиус Жуниор ја доби правната битка и го доби она што го посакуваше, откако судот во Валенсија за првпат во историјата на Шпанија реши да осуди лица кои режираа расистички скандирања на еден спортски настан.

Тројца навивачи на Валенсија расистички го навредуваа Винисиус за време на големото дерби на „Месталја“ кое се одигра на 21-ви мај пред една година, па по големата драма која настана со Бразилецот, Ла Лига како главна организација и Реал Мадрид како клуб доставија тужба против идентификуваните сторители.

Една година подоцна, судот во Валенсија им одреди затворска казна од осум месеци, но и двегодишна забрана за било каква посета на спортски настан.

Оваа пресуда е прва и историска во Шпанија кога е во паршање еден расистички скандал на фудбалски меч, а Винисиус Жуниор најави дека нема да биде и последна.

– Многумина ме замолија да ги игнорирам, многу други ми рекоа дека мојата борба е залудна и дека треба да се насочам само кон играње фудбал. Но, како што секогаш велев, јас не сум жртва на расизам. Јас сум џелат на расистите. Оваа прва кривична пресуда во историјата на Шпанија не е победа само за мене. Ова е за сите црни луѓе.

– Останатите расисти нека се плашат, нека се засрамат и нека се кријат во сенка. Во спротивно, јас ќе бидам тука да ги соберам. Благодарност до Ла Лига и Реал Мадрид што помогнаа во овој историски момент. Ќе следи повеќе….., – порача Винисиус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни