Поврзете се со нас

Шпанија

Винисиус откако стана најплатен играч на Реал Мадрид: Неверојатно, но не и невозможно! (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Винисиус Жуниор вчера ја доби наградата „Сократ“ на свечената церемонија во Париз поради своите хуманитарни акции во родниот Бразил, но неполни 24 часа подоцна, доби уште едно големо изненадување.

Реал Мадрид денеска му го продолжи договорот на бразилскиот фудбалер и го направија најплатен играч во првиот тим, па иако детали од финансиите не се откриени, „Марка“ открива дека Винисиус сега е сигурен на тронот како човек со најголеми примања од клубот.

„Кралевите“ го осигураа крилниот напаѓач до 2027-ма година и му поставија откупна клаузула вредна една милијарда евра, а овој потег на Флорентино Перез служи и како сигурност за Бразилецот кој доби сериозна конкуренција од Џуд Белингам.

Со новиот договор со Перез, Винисиус станува најскапа ѕвезда во актуелниот тим на Реал Мадрид, но добрата вест доаѓа и во време кога потпиша долгогодишен и богат договор со „Најк“.

– НЕВЕРОЈАТНО, но НЕ и НЕВОЗМОЖНО!! Најголемиот и најдобриот клуб во светот!! Ти благодарам претседателе, ви благодарам навивачи, колеги и сите што работат во Реал Мадрид. Благодарност и до семејството, пријателите и фановите!! Останувам во клубот од соништата до 2027-ма година, се надевам на што повеќе титули заедно, – порача Вини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни