Шпанија
Винисиус: Мојот глас стана важен во соблекувалната на Реал, но не можам со нив двајца……..

Винисиус Жуниор беше во подредена улога кога ги имаше своите почетоци во Реал Мадрид и воглавно мораше да добива заштита од повозрасните колеги во тимот, но со текот на годините, Бразилецот полека се издвои како една од најважните фигури во соблекувалната.
Вини е задолжен за забава и за фудбалски танци по големите победи кои ги остварува Реал Мадрид, но сега самиот открива дека неговиот глас станал уште позначаен откако од тимот си замина Карим Бензема.
Брзоногиот фудбалер е свесен дека со промената на улогата му расте и одговорноста, но сепак потенцира дека не може да биде на исто ниво со ветерани во тимот како Тони Крос и Лука Модриќ.
– Јасно е дека мојата улога во тимот е променета. Кога дојдов бев дете без никакви одговорности, но сега јас сум играч кој мора да го подигне тимот и да ја подигне соблекувалната кога е потребно. Знам дека сите очекуваат многу од мене и го прифаќам тоа. Притисокот е многу важен ако сакате да напредувате во кариерата.
– Мојот глас стана важен во соблекувалната, но се уште знам каде е моето место. Не можам со Крос и Модриќ, тие се уште се тука. Јас треба да ги слушам нив и имам што да научам од нив. Тие двајца се пример за сите нас, освоија толку многу и ние само ги следиме во насоките кои ни ги даваат, – вели Винисус.
-
Англијапред 15 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 14 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 13 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 14 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 16 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Италијапред 16 часа
Италијанските фудбалери го избраа играчот на годината и најдобриот тим во Серија А (Фото)
-
Англијапред 9 часа
Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)
-
Англијапред 12 часа
Легенда на Арсенал: Тен Хаг ќе заработи отказ ако загуби на следните три меча