Поврзете се со нас

Шпанија

Винисиус конечно се јави за контроверзниот гол: Вакви погодоци секогаш давав на Копакабана! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Шпанската јавност „врие“ од реакции по вчерашната победа која ја оствари Реал Мадрид над Алмерија, особено поради тоа што сите ВАР одлуки беа досудени во корист на домашниот тим кој направи пресврт.

„Кралевите“ имаа среќа со видео проверките и двоецот Ернандес во трите наврати носеше одлука на страна на Реал, па во ситуација кога голем дел од медиумите зборуваат за „грабеж“, претставниците од престолнината имаат сосема друго мислење.

Карло Анчелоти и Дани Карвахал уште вчера посочија дека судиите донеле три правилни одлуки по проверката на ВАР, а денеска Винисиус се јави со мало задоцнување бидејќи и тој беше дел од една контроверзна ситуација.

Неговиот гол за 2:2 беше прегледуван и првично беше поништен од Маесо, за потоа Ернандес да интервенира од ВАР собата и да заклучи дека Бразилецот играл со рамо.

Интерпретацијата на оваа ситуација е навистина различна и од повеќе агли се носи поинаков заклучок, но Вини е убеден дека играл регуларно и во рамките на пропишаните правила.

– Голчиште!!! Вакви голови давав постојано на Копакабана, – порача Винисиус алудирајќи на времето кога играл на плажа во родниот Бразил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни