Шпанија
Винисиус: Јас сум најдобар во светот, никој нема да ми каже како треба……
Винисиус Жуниор вчера го доби најпрестижното признание на гала вечерта која ја организираше ФИФА и беше избран за најдобар светски фудбалер, награда која сигурно малку ќе го намали разочарувањето кај Бразилецот кој пред месец ипол остана без „Златната топка“.
Гласањата на селекторите, капитените и новинарите му даде блага предност на Винисиус пред Родри и така ѕвездата на Реал Мадрид ја доби наградата „The Best“, па иако Бразилецот имаше говор по добиеното признание, поголемо внимание привлекува неговото обраќање преку социјалните мрежи.
– Денеска му пишувам на детето кое гледаше како негови големи идоли го подигнуваат овој трофеј. Дојде времето, или подобро кажано, дојде моето време. Дојде моментот кога слободно можам да кажам…… Да, јас сум најдобар играч во светот и напорно се борев за тоа.
– Се обидоа да ме поништат, се обидоа да ме омаловажат, но не се подготвени за мене. Никој нема да ми кажува за кого треба да се борам и како треба да се однесувам.
– Победив за себе, за моето семејство. Тоа го направив со огромна поддршка на мојот пат: Фламенго, Реал Мадрид, бразилската репрезентација, моите соиграчи низ изминативе години…. Најдобриот играч во светот….., – гласи фразата со која Вини го завршува своето обраќање.
-
Англија21 час
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП15 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија13 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација16 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија14 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Македонија23 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Германија17 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)