Шпанија
Винисиус ја исправи неправдата која ја доживеа млада навивачка на Реал (Видео)

Винисиус Жуниор беше избран за играч на мечот на дербито против Валенсија и постигна два гола, но оној пред крајот на првиот дел беше навистина посебен и оригинален.
Бразилецот ја спушти топката со гради во мрежата на Мамардашвили и се погрижи за специјална реализација, а покрај тоа што е многу активен за се она што се случува на теренот, Вини очигледно следи што се случува и надвор од него.
Ѕвездата на Реал го соблече дресот по крајот на првиот дел и го фрли кон трибината каде мирно го чекаше едно младо девојче, но неговата добра намера не мина најдобро.
Еден повозрасен фан го украде наменетиот дрес за девојчето и буквално ја расплака младата симпатизерка на Реал, која неколку дена подоцна доби големо изненадување од Вини.
Бразилецот ја поправи неправдата и ѝ се обрати на младата Адријана, на која и порача дека и чува потпишан дрес за следниот меч кој ќе го игра Реал на домашен терен.
– Здраво Адријана, јас сум Вини. Ти се извинувам за тоа што се случи на натпреварот. Тука е мојот дрес, ќе го потпишам за тебе. Набрзо ќе се видиме и ќе направиме заедничка фотографија. Довидување и чувај се, – и порача Винисиус на младата навивачка.
Necesito que difundáis este vídeo para que se haga algo al respecto. Ya hay que ser mala persona para hacer eso, dios mío.pic.twitter.com/EVHzrKBZcw
— Danik (@DanikRM_) November 12, 2023
Finalmente Vini le dará su camiseta a Adriana. Que grande es 🤍pic.twitter.com/nw1f2vx1Sp https://t.co/TjlGnCm9kk
— Danik (@DanikRM_) November 13, 2023
-
Англијапред 22 часа
Сколс закачи две ѕвезди на Јунајтед по поразот од Њукасл: Тој му нанесе повеќе штета на тимот отколку добро
-
Англијапред 14 часа
Кин за врската со Фергусон: Зошто да имам добар однос со некој кој ве фрла под автобус?
-
Атлетикапред 21 час
Ивановски постави нов македонски рекорд на маратонот во Валенсија
-
Англијапред 13 часа
Гвардиола за контроверзниот момент на дербито: Не можам да го разберам потегот на судијата (Видео)
-
Англијапред 20 часа
Мек Алистер за препирката меѓу Гвардиола и Нуњез: Јас се смеев…(ВИДЕО)
-
Англијапред 16 часа
Хау ја посочи најлошата вест од победата над Јунајтед
-
Италијапред 17 часа
Италијанска драма: Голманот не Лече се избори за пенал во 96. минута! (Видео)
-
НБАпред 22 часа
Каков потег на најстариот играч во лигата: Леброн изведе магична пируета, соиграчите се фаќаа за глава (ВИДЕО)