Шпанија
Винисиус ја дозна казната за инцидентот со Димитриевски
Дисциплинската комисија на Ла Лига вечерва ја објави казната за Винисиус поради дуелот со нашиот Столе Димитриевски и се чини дека ѕвездата на Реал Мадрид го доби најпосакуваното сценарио.
Бразилецот ќе паузира два натпревара и ќе ја отслужи казната на двете наредни средби од домашното првенство, со што дефинитивно избегна посериозна суспензија која беше најавувана од дел од медиумите.
Дисциплинците го протолкувале потегот на Винисус на дуелот со Валенсија со престап кој се казнува со максимални три натпревари, а на крајот изрекле суспензија на две средби.
Одлуката е донесена врз база на изјавата на судијата Сото Градо, кој исклучил квалификација на потегот како агресија, бидејќи во тој случај казната ќе беше најмалку четири натпревари суспензија и ќе важеше и за Суперкупот.
Во ситуацијава, Реал ќе биде без Вини на дуелите со Лас Палмас и Валјадолид, односно санкцијата нема да влијае на дуелите од Суперкупот, односно осминафиналето во Копа дел Реј.
🗣️ “Je vais sortir le rouge, car il frappe le visage du gardien”
Voilà la raison pour laquelle Vinicius Jr a été expulsé à Mestalla, laissant ses coéquipiers dans une situation plus que délicate.
Dimitrievski provoque, mais Vini n’a pas à surréagir.pic.twitter.com/e1b4Ck9p32
— Le Journal du Real (@lejournaldureal) January 4, 2025
-
Репрезентација18 часа
Лазаров: Момците покажаа дека знаат како се игра и против „досаден“ ривал
-
АТП23 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
Светски првенства16 часа
ИХФ го издвои ремек-делото на „Фитиљ“: Чиста моќ на Кузмановски (Видео)
-
АТП22 часа
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
АТП18 часа
Алкарас не му верува на Ѓоковиќ: Не велам дека правеше шоу со повредата, но…..
-
Светски првенства17 часа
Пајовиќ посочи дека тактиката на Лазаров им направила големи проблеми на Австријците: Чувствувам горчина
-
Светски првенства20 часа
Митревски по ремито со Австрија: Се надевам дека ќе се опоравиме од настинките кои преовладуваат во тимот
-
АТП15 часа
Ѓоковиќ го прекина интервјуто за да ги испрати своите деца на спиење, малата Тара стана вирален хит (Видео)