Шпанија
Винисиус испрати зајадлива порака до Валенсија откако „поцрвене“ поради Димитриевски (Фото)
Дербито меѓу Валенсија и Реал Мадрид секогаш е интересно и носи посебна тензија без оглед на позициите на кои се двата тима, а доказ за тоа добивме вчеравечер во екстра возбудливиот натпревар на „Месталја“.
Валенсија водеше 1:0 од првото полувреме и дочека црвен картон од Винисиус Жуниор на десет минути пред крајот, но кога се чинеше дека така си го трасира патот до изненадувачка победа, Реал Мадрид уште еднаш покажа дека има „девет животи“.
„Кралевите“ направија пресврт со играч помалку и освоија тешки и драгоцени три бода на „Месталја“, и тоа во натпревар кој ќе се памети по улогата која ја имаше Столе Димитриевски.
Македонскиот чувар на мрежата го испровоцира Бразилецот и изнуди црвен картон за Бразилецот, но за жал, тоа не донесе посакуван резултат за неговиот тим, особено поради драматичната завршница во која двапати ја вадеше топката од својата мрежа.
Винисиус заслужено доби црвен картон и може да добие неколку меча суспензија поради нервозата која ја покажа, но во меѓувреме, Бразилецот реши да се извини на социјалните мрежи и им се заблагодари на соиграчите кои направија воопшто да не се почувствува неговото отсуство на теренот.
– Извинете и ви благодарам екипо!!!!!, – порача Винисиус, кој не пропушти да ги испровоцира и навивачите на Валенсија, алудирајќи дека тимот на Димитриевски ќе заврши во Сегунда.
Perdon y gracias equipo!!!!!! ✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾
— Vini Jr. (@vinijr) January 3, 2025
-
АТП11 часа
Гласна птица го деконцентрираше Ѓоковиќ, сцената стана вирален хит (Видео)
-
Англија20 часа
Аморим за Рашфорд: Дали го одигра неговото за Јунајтед? Мора да го претставува клубот…
-
АТП19 часа
Елиминиран поранешниот финалист на АО, Синер преку тај-брејкови до прва победа (ВИДЕО)
-
Англија21 час
Фернандеш го мина Бекам со атрактивниот гол против Арсенал (ВИДЕО)
-
Италија18 часа
Конте за Кварацхелија: Тој не ме разочара, мислев…
-
Шпанија21 час
Откриена пораката која му ја испратил Перез на Модриќ по „петардата“ во финалето: Понекогаш мора…. (Видео)
-
Италија19 часа
Италијански великан фаворит за потписот на Вокер
-
АТП17 часа
Алкарас со убедлив триумф тргна на Австралија Опен (ВИДЕО)