Поврзете се со нас

Свет

Винисиус и Брахим со мајсторија го решија Челси, Милан и го нанесе првиот пораз на Барселона (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Реал Мадрид и Барселона ги завршија своите турнеи во САД, а тоа го направија со победа, односно пораз на завршниот тест на американско тло.

„Кралевите“ се разбудија за крај и му земаа мерка на Челси кој продолжи да реди порази во пресезоната, а најзаслужни за тоа беа Винисиус Жуниор и Брахим Дијаз.

Двајцата режираа една импресивна акција и гол за водство од 2:0, откако претходно Реал веќе водеше на семафорот поради голот на Лукас Васкез.

Челси се врати во игра преку Мадуеке до крајот на првиот дел, но во продолжение немаше промена на резултатот и Реал се одјави со победа од Америка.

Од друга страна, Барса го претрпе првиот пораз, а за да се случи тоа, мораше да мине низ пенал рулет во пресметката со италијанскиот великан Милан.

„Росонерите“ отворија далеку подобро во Балтимор и поведоа со головите на Јовиќ и Пулишич, но Левандовски одговори со два гола за израмнување.

На крајот се играа пенали, а бидејќи Флик направи премногу замени и им даде шанса на млади играчи, посигурни во ударите беа играчите на Милан.

Видеото од Реал-Челси погледнете го ТУКА

Видеото од Барса-Милан погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни