Шпанија
Винисиус го упропасти фудбалскиот деликатес на Модриќ, Анчелоти призна: Лука не заслужи да го извадам од игра(Видео)

Карло Анчелоти не беше премногу загрижен по ремито кое го оствари Реал Мадрид на домашен терен против Рајо Валјекано, од едноставна причина што неговиот тим создаде голем број шанси и прилики, кои во било кои други услови би требало да завршат со победа.
Столе Димитриевски и неговите соиграчи успеаја да одолеат на „Бернабеу“ и одиграа навистина импресивен меч, но на моменти имаа и малку среќа како ситуацијата на стартот на вториот дел.
Лука Модриќ режираше препознатлив фудбалски деликатес и со тривела асистенција го проигра Винисиус, но овој го упропасти неверојатното додавање на Хрватот и успеа да ја промаши цела топка.
По крајот на мечот, Карло Анчелоти призна дека направил мала грешка кога го извадил Модриќ во 70-та минута, бидејќи ветеранот со својот настап не заслужил да биде повлечен од игра.
– Го извадив Модриќ за да ставам играч плус во нападот. Лука одигра комплетен натпревар, но сакав да имаме повеќе енергија во завршната третина од теренот. Тој не заслужи да биде изваден од игра, имаше добар меч и никој не заслужи да замине на клупа. 22 пати шутнавме на гол, а тие ниту еднаш. Тимот беше добар, ни недостасуваше спортска среќа, – изјави Анчелоти.
What a pass from Modric man Vinicius jr should have converted this goal 🤦🏻♂️
Real Madrid vs Rayo Vallecano. pic.twitter.com/zQu112t1F6
— Hellfootball (@hellfootball_) November 6, 2023
-
Шпанијапред 18 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 14 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Англијапред 13 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Светпред 17 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 17 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Италијапред 15 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 7 часа
Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити
-
Англијапред 19 часа
Бруталниот Кин состави црна листа и наброја десет фудбалери кои треба да бидат ослободени од Тен Хаг