Поврзете се со нас

Шпанија

Винисиус доминираше, Реал Мадрид ја надигра заспаната Барселона (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид режираше „слатка одмазда“ за загубениот трофеј во Суперкупот пред една година, откако оваа вечер тимот на Карло Анчелоти и одржа фудбалска лекција на Барселона во Ријад.

„Кралевите“ беа подобри во секој поглед и со поголем фокус и мотивација влегоа од самиот старт, а тоа им донесе огромна предност уште на почетокот. Винисиус Жуниор со два брзи гола стана првиот играч од Гери Линекер кој постигнал два погодоци во првите десет минути на „Ел Класико“, но тука не беше крајот на блескавото издание кое го имаше Бразилецот.

Барселона за момент успеа да се врати во игра со голот на Левандовски, но пред крајот на првиот дел, Винисиус се избори за пенал и потоа го реализираше истиот за хет-трик и предност од 3:1.

Каталонците имаат јалови напади и на стартот на вториот дел и не беа доволно убиствени пред голот на Лунин, додека на спротивната страна Родриго погоди за 4:1 и го реши прашањето околу победникот.

До крајот, Винисиус изнуди и црвен картон за Роналд Араухо кој денеска ги загуби речиси сите дуели со Бразилецот, па без никаков сомнеж Вини беше играч број еден на финалната пресметка во Ријад.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни