Поврзете се со нас

Шпанија

Винисиус блескаше на „Ел Садар“, гредата спречи гол на сезоната од Арда (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Винисиус Жуниор е незадржлив за противниците кога е расположен за игра, а тоа попладнево го почувствуваа и играчите на Осасуна кои едноставно немаа решение за супебрзиот Бразилец.

Напаѓачот на Реал постигна два гола во победата од 2:4 на „Ел Садар“ и заслужено беше избран за играч на мечот, но впечатливи изданија имаа и Брахим Дијаз и Феде Валверде.

Првиот испорача три асистенции до своите соиграчи и помогна Реал да оставри комотна победа, додека Брахим повторно ја искористи шансата и се запиша во листата на стрелците.

Покрај Винисиус и Дијаз, гол за Реал постигна и Дани Карвахал, додека стрелци на погодоците за Осасуна беа Будимир и Муњоз.

Покрај шесте постигнати гола, во самиот финиш малку фалеше да видиме и седми, а вистинска штета е што не дојде до такво нешто со оглед на обидот кој го имаше Арда Ѓулер.

Турчинот повторно доби мала минутажа од Карло Анчелоти, но откако постигна гол против Селта, сега ја погоди гредата од пола терен и малку фалеше да понуди кандидат за гол на сезоната во Ла Лига.

Обидот на Арда погледнете го ТУКА 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни