Винисис Жуниор откри кој напаѓач му е инспирација: Тој за мене е пример, јас ќе давам голови…

vinisius

Винисиус Жуниор е еден од младите бразилски играчи за кои Реал Мадрид потроши голема сума на пари за да го доведе на „Сантијаго Берабеу“, но барам засега тој се уште не може вистински да се пронајде во редовите на шпанскиот великан каде и конкуренцијата е голема.

Дефинитивно во неговата игра му се потребни голови, подобра реализација и тоа го говори статистиката која вели дека има дадено само три на 23 мечеви во актуелнава кампања. Винисус е убеден дека во иднина ќе биде далеку подобар, а примерот кој сака да го следи е оној на Рахим Стерлинг.

-Кога играв во младинските категории, бев навикнат да постигнувам многу голови, но во професионалниот фудбал играм подалеку од голот и потешко е да тресам мрежите. Но, јас имам само 19 години, станувам подобар. Карим [Бензема] и сите играчи кои секогаш постигнуваат голови се обидуваат да ми помогнат. Кога ќе започнам да погодувам, ќе постигнам многу голови, исто како и секој крило во Реал. Стерлинг за мене е пример. Кога беше на моја возраст не даваше многу голови, сезонава дава многу. Ланската кампања даде уште повеќе. Се подобрувам, никогаш немам играно на десната страна, ама овде морав. Тешко е затоа што за мене сите потези од левата страна се природни, знам сè што треба да направам. Ама десно, морам повеќе да размислувам. Од левата страна, правам се без размислување, -порача младиот Жуниор.

Facebook Коментари