Поврзете се со нас

Промоции

Винарија Сковин наградена со сребрен медал во Лондон за „Кратошија“

Објавено

на

Годинешново издание на манифестацијата „International Wine Challenge донесе прекрасни вести за македонската компанија Винарија Сковин Група која е освојувач на сребрен медал за своето вино „Кратошија“, берба 2019 година, кое е дел од нивната таканаречена „премиум линија“.

Овој реномиран натпревар се одржа во Лондон, каде што оценувањето се врши од тимови составени од експерти, познавачи и влијателни лица од меѓународната индустрија за вино, што оваа награда ја прави уште поценета.

Во натпреварувањето Винарија Сковин Група учествуваше и со други производи, при што за вината „Темјаника од серијата Selected edition, берба 2019-та и „Санџовезе „ од серијата Premium line, од бербата 2017-та, жирито на натпреварот им додели специјално признание и препорака.

Традиционално на оваа манифестација секоја година учествуваат над 50 земји, при што се натпреваруваат над 10 илјади мостри од високо квалитетни сорти и видови вина од цел свет. Дури и во услови кога поголемиот дел од бизнисите се во мирување, на лондонскииот настан присуствуваат сите што имаат влијание во глобалната винска индустрија, а тоа го прави одлична можност за промовирање на уникатна македонска винска приказна и долгата традиција за производство на вино.

Добиените награди на ваков еминентен натпревар за Винарија Сковин се само уште еден доказ за конзистентноста во одржување на квалитетот, зајакнување на брендот и довербата на потрошувачите, како и мотивација за нови следни предизвици и успеси во работата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни