Вимблдон му ја одзема цела исплата на Томиќ за срамното однесување на теренот (Видео)

tomic-1

Бернард Томиќ во друштво на Ник Кирјос важи за едно од двете најпроблематични момчиња на АТП турот, а таквиот епитет го оправда и со своето однесување во првото коло на најпрестижниот грен-слем турнир во светот.

Верувале или не, Томиќ загуби во првото коло од Жо Вилфред Цонга три сета за помалку од еден час (точно 58 минути), но она што посебно запрепасти беше неговото евидентно незалагање на теренот во ситуација кога топчето беше блиску до него. Томиќ беше декласиран со 6:2, 6:1 и 6:4, а бидејќи беше очигледно неговото непрофесионално однесување на теренот, Вимблдон сега одлучи да му одземе целата исплата, односно да го остави без премијата која ја заработуваат тенисерите за играњето во првото коло (50 илјади евра).

Facebook Коментари